Во 10 угостителски објекти во полошко утврдени неправилности во работењето

Од:

Во акциската контрола спроведена синоќа во 12 угостителски објекти во Полошко (8 во Тетово и 4 во Гостивар) во 10 биле откриени повеќе неправилности во работењето. Според информациите на СВР Тетово, чии службеници биле вклучени во акцијата, контролите на угостителските објекти се одвивеле од 21 часот до полноќ.

Во 10 од контролираните објекти биле констатирани недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите при што Управата за јавни приходи издала пет времени забрани за вршење дејност, шест глоби и еден платен налог. Инспекторите на пазараната инспекција поднеле две забрани за работа еден платен налог и една едукација која е опфатена со Законот за пушење.

Забраните за работа зависно од прекршокот се однесуваат на времено затварање во период од 7 до 30 денови, а износите на казните се движат од 700 до 2. 500 евра.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница