Внук ја убил својата баба во Драчево

Од:

Дваесетгодишно момче со нож ја убило својата баба попладнево во Драчево.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место во скопско Драчево, каде што доцна попладнево беше пронајдено безживотно тело на 66-годишна жена. Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата.

По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари