Внимателно по патиштата, свлечишта и одрони

Од:

Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец А-3 Ресен-Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази е направена комплетна санација и сообраќајот се одвива непречено за сите видови на моторни возила без никакви проблеми или ограничувања.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

ЗАСТОИ И ОГРАНИЧУВАЊА ВО СООБРАЌАЈОТ:На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози