ВМРО:ДПМНЕ: СДСМ во целост го има изгубено контактот со реалноста

Од:

„Само СДСМ се обидува да го игнорира фактот дека се инвестирани најмалку 100 милиони евра во изградба и реконструкција на здравствени објекти и уште толку во набавка на современи апарати.

Тоа што на СДСМ очајно му смета е фактот што тие во нивно време немаа ни процент инвестиции во здравството од тоа што денес се инвестира и гради. Тие наместо министерство за здравство раководеа со министерсво за златарство во кое се набавуваа со народни пари скапи бисери за министерките од СДСМ.

Амбулантата во Лисиче, како и поликлиниката во општина Сарај и новата амбуланта Ѓорче Петров 2 се ставени како приоритети за 2016 година и граѓаните знаат дека тоа што е ветено ќе се реализира.

Граѓаните на Лисиче, како и граѓаните во Македонија ги гледаат реформите и инвестициите во здравството и тоа СДСМ ги боли, па затоа вака хистерично реагираат. За нивната хистеричност и политичка болка за среќа има лек, а тоа е престојниот пораз на избори кој ита по јубилеен десети пат и ќе им се случи како резултат на нивната безидејна и деструктивна политика“, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ