ВМРО-НП: „Законот за трето дете“ е најантимакедонскиот закон донесен од било која влада на Македонија

Од:

„ВМРО – Народна партија по третпат ја повикува Владата на Р.Македонија да достави предлог до Собранието на Р.Македонија за укинување на законот популарно наречен „закон за трето дете“ кој според наше мислење е најантимакедонскиот закон што е донесен досега од било која влада на Р.Македонија.

За времето од кога е на сила овој закон до денес, статистичките податоци за новородени деца, укажуваат на катастрофални демографски промени на штета на македонскиот народ. Бидејќи од година во година, ваквите тенденции се зголемуваат со уште поразорно темпо, во многу скоро време македонскиот идентитет ќе биде загрозен од штетните последици на овој закон. Згора на тоа, постојаното намалување на македонците во однос на вкупното население во Р.Македонија и радикално различните ставови и чувства кон уставното име, може да предизвика промена на името од граѓаните кои според овие демографски движења многу брзо ќе бидат мнозинство, со што ја прави безсмислена сегашната цврста позиција на владата за зачувување на името и одбраната на идентитетот на македонскиот народ.

ВМРО-Народна партија ја охрабрува владеачката ВМРО-ДПМНЕ која беше иницијатор за донесување на овој избрзан и нестудиозно подготвен закон, чии штетни последици недвосмислено ги констатира и нивната комисија за демографски движења чиј претседател е Влатко Ѓорчев, соодветно да реагира со тоа што ќе ја подржи оваа иницијатива“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

 

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела