ВМРО-НП со поддршка за кандидатот на СДСМ за Штип

Од:

Во вториот изборен круг на Локалните избори ВМРО-НП својата поддршка ја дава на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски, истакна на денешната прес-конференција Никола Тасев член на Извршниот комитет на ВМРО-НП.

Тој забележа дека како партија не учествуваат на Локалните избори, но во текот на кампањата препознале дека проектите во програмата на коалицијата предводена од СДСМ можат да се реализираат и се потребни за граѓаните.

– ВМРО-Народна партија во вториот круг на изборите застанува зад Благоја Бочварски комплетно. Застанува зад него, зад неговите проекти, неговите идеи, рече Тасев.

Бочварски на заедничката прес-конференција се заблагодари за поддршката за вториот круг на Локалните избори, кои ќе се одржат на 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори