ВМРО-НП: Разочарани сме што Македонија не доби покана за отпочнување на преговорите оваа година

Од:

„ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Европската унија за отпочнување на преговори со Македонија за членство веќе од идната година.

Сметаме дека со ова започнуваме ново поглавје но и привршување на еден голем и мачен процес на реформи преку усогласување и исполнување на критериумите за конечно интегрирање на Македонија во Европската унија.

Воедно ВМРО-Народна партија е разочарана што и покрај фактот што Македонија веќе ги исполнува сите услови за целосно вклучување во ЕУ сепак не доби покана за отпочнување на преговорите оваа година.

Од друга страна пак веруваме дека со оглед на исполентите услови но и неколкуте позитивни извештаји сепак Македонија утре ќе добие покана за отпочнување на преговорите за членство во НАТО, бидејќи Македонија без сомневање со своето повеќегодишно залагање во однос на Евроатлантските интеграции заслужува да биде дел од Евроатлантското семејство“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина