ВМРО-НП: Ова е дефинитивно најлошиот извештај за состојбите во Р.Македонија

Од:

„ВМРО-Народна партија внимателно го проанализира текстот на извештајот од Европската Комисија и со голема загриженост констатира  дека ова е дефинитивно најлошиот извештај за состојбите во  Р.Македонија, откога ја има добиено препораката. Извештајот претставува последна опомена и јасно изразена  нулта толеранција за Р.Македонија, дека доколку во наредниве два месеци не ги исполниме политичките услови наведени во него, по автоматизам ќе значи целосно изолирање на Р.Македонија од сите евроатлантски интеграции, што ќе има катастрофални последици дури и за опстанокот на државата.  Ваквата неповолна внатрешна состојба и влошената политичко безбедносна ситуација во регионот и пошироко, бара висок степен на државничко однесување на сите политички лидери во Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија, заради тоа го повторува предлогот за итно започнување на политички дијалог меѓу власта и опозицијата со што ќе докажат дека државниот интерес им е над партискиот , што во извештајот беше посочен како основен внатрешно политички проблем. Притоа, во целост ги подржуваме четирите од вкупно пет барања што опозицијата ги достави до власта. Истовремено и од  СДСМ очекуваме максимално конструктивен приод за  барањето за формирање на техничка влада.

ВМРО-Народна партија смета дека нашиот предлог три месеци пред денот на изборите актуелните министри за внатрешни работи, за правда и за финансии и директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност, да се заменат со експерти кои не се членови на политички партии, со мандат до завршување на изборите. Ова решение би важело пред секои парламентарни избори.

ВМРО-Народна партија смета дека ова е идеална позиција и за двете страни и добра основа за започнување на дијалог што ќе значи излез од сегашниот политички ќорсокак“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија