ВМРО-НП: Не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8

Од:

ВМРО-Народна партија ја следи дискусијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на Коридорот 8 и во тој контекст сака да го каже својот следен став. Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање објавија од партијата.

– Главен политички носител на тој Коридор беше токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година.

Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина од геостратешка важност на нашата држава.
Во исто време тоа е невидена можност за економски развој на државата затоа што тој не претставува само економско поврзување со Бугарија туку поврзување и со Турција како и целиот Блиски Исток, поврзување со Романија, Украина како и целиот постсоветски простор.

Од исток пак не претставува поврзување само со Албанија туку тоа е најкраткиот пат до цела Јужна Европа и Северна Африка.

ВМРО-Народна партија жали што денешните „раководители“ на Македонија поради својата младост не памтат дека Македонија во раните 90-ти беше жртва токму на ембаргото кое го доживеавме на коридорот „Север – Југ“ и дека во тој момент бевме спасени како држава благодарејќи на коридорот „Исток – Запад“.

ВМРО-Народна партија одтука смета дека политичкото откажување од овој проект е еднакво на диверзија на самостојноста на македонската држава.

Што се однесува до техничко – финансискиот дел на забелешките на актуелната Влада, сметаме дека сигурно постои простор за да се подобри самата траса која впрочем е менувана неколку пати, а исто така и да се скратат финансиите кои ќе бидат потрошени за доизградба на железницата.

Сите позитивни промени во тој техничко – финансиски аспект од страна на ВМРО-Народна партија ќе бидат поздравени но во никој случај не можеме да ја прифатиме комплетната негација на Коридорот 8, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Со помош на Брисел ќе најдеме техничко решение за Коридорот 8, вели Мицкоски

Филипче: ОЈО да отвори постапка по изјавата на Мицкоски за Коридорот 8

Повлечени се членовите на комисиите кои требаше да извршат избор на изведувач и надзор за третата делница од пругата кон Бугарија

(ВИДЕО) Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за тендерот за пругата кон Бугарија

Катерина Ѓуровски

Сарацин: Македонија не ги оправда надежите за уставни измени

A1on

ВМРО-Народна партија: Колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат

Горан Наумовски