ВМРО-Народна Партија, реагира, на како што велат, непрофесионалниот и игнорантски однос на МРТВ.
„ Во ударен термин на главните вести на МТВ, како главна вест се пласира информација дека одреден пратеник од владеачката партија донирал шаховска табла, домина и карти, а во исто време во истиот ден се промовира автобиографска книга на поранешен премиер на Република Македонија и истото од Националната МТВ во потполност да се игнорира е крајно недозволиво. Го прашуваме Директорот дали МРТВ е национален сервис или е претворена во МРТВ-ДПМНЕ, праша Сања Ристиќ.
ВМРО-Народна Партија, бара МТВ конечно да се вразуми, зошто, велат, МТВ ниту е приватна телевизија, а уште помалку треба да биде владин сервис. „За жал, владеачката партија ја има претворено во обична маркетнинг агенција. Нејзината основна цел, како Национална телевизија, формирана од страна на Собранието на Република Македонија е објективно и навремено информирање на граѓаните? МТВ сите ние ја плаќаме“, вели Ристиќ.