ВМРО НП: Изборите беа латиноамерикански

Од:

ВМРО НП на Љубчо Георгиевски соопшти дека изборите беа крајно нефер и недемократски и дека биле одржани во „латиноамерикански“ амбиент на нерамноправна политичка борба. “Системот со притисоци, закани, уцени и поткуп, што со години наназад го промовира владејачката партија не дозволува реално пресликување на вољата на граѓаните на резултатите од изборите.

Прво, комплетна блокада на опозицијата од страна на медиумите кои во речиси 90 отсто се под контрола на владејачката партија и се претворени во нивен информативен билтен.

Второ, притисоци и закани кон вработените во администрација и сите останати на кои им се ветува вработување во државните органи. Исто така и уцени кон сопствениците на приватните фирми, нивните вработени да се стават во функција на власта. Трето, очигледен пример на фантомски гласачи, со мултуплицирани лични документи и увезување на гласачи кои организирано се развезуваат да гласаат.

Четврто, поткуп на гласачите со по 500, 1.000 или повеќе денари за глас. Петто, од избори на избори нелогично се зголемува процентот на неважечки ливчиња, со што директно се елиминираат помалите политички партии, на кои им фалат мал број на гласови за влез во парламентот”, се вели во соопштението на ВМРО-НП. ВМРО Народна партија смета дека ваквото спроведување на нерегуларни избори ќе дадат лоша слика за Македонија и директно го доведува во прашање евроатланскиот пат на државата.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226