ВМРО-НП го поддржа Пекевски од СДСМ за градоначалник на Берово

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија во Берово донесе едногласна одлука – на претстојните локални избори да го поддржи кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ, Звонко Пекевски како и советничката листа на СДСМ каде што на третото место се наоѓа кандидат од редовите на ВМРО-НП.

-Апелираме до сите членови и симпатизери на ВМРО-НП од Берово на престојните локални избори да го поддржат и да гласаат за кандидатот на СДСМ, Звонко Пекевски вели Гоце Ружински претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија во Берово.

Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија одлучи партијата да не учествува на престојните локални избори, но општинските комитети на партијата добија слобода сами да направат коалиции на локално ниво кои би биле во интерес на граѓаните.

Како што велат од партијата, дадената поддршка на кандидатите за градоначалници и советници не е врзана со партиска припадност, туку треба да зависи од самиот квалитет на кандидатите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски