После славната победа на кај Младо Нагоричане – Зебрњак, од страна на Кралска Србија, тортурите и малтертирањето од големосрпските војски и власт, врз населението во Македонија станале неподносливи.
За помалку од една година, и македонското и албанското население почувствувале дека таканаречените ослободители по ништо не се разликуваат од дотогашното османлиско ропство.
Не можејќи да го поднесат теророт врз населението од големосрпските окупатори, во септември 1913 година е постигнат договор помеѓу ВМРО и Албанскиот револуционерен комитет за организирање на заедничко востание. За успешно постигнување на целта било договорено заедничко раководење од Петре Чаулев и Сафедин Пустина.
Вака ВМРО Народна го обрзалаха востанието кое било кренато на 9-ти септември по што „целата големосрпска окупаторска војска и шовинистичка администрација биле протерани од Охрид, Дебар и останати населени места во западна Македонија“.
„Охридското востание претставува симбол за сплотеноста на македонскиот и албанскиот народ, по прашањето на големосрпската окупаторска политика на овие простори.
Ова востание беше мотивација ВМРО Народна партија во фазата на промената на имињата на улиците во град Скопје да даде предлог за именување на улица со името ОХРИДСКО ВОСТАНИЕ. Но за жал овој предлог беше едногласно одбиен токму од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО Народна партија бара од владата овој историски настан да биде прогласен за официјален државен празник, бидејќи го симболизира организираниот отпор на Македонците и Албанците против големосрпските окупатори.
По повод 100 години од ова востание предлагаме да се изгради спомен обележје за овековечување и достојно чевствување на истото“, велат од ВМРО Народна.