ВМРО-НП: Дали Иванов нареди офицери од ГШ да се поклонат пред УЧК?

Од:

„Каде сте сега патриоти од ДПМНЕ ? Униформирани офицери од АРМ се поклонија и им положија цвеќе на борците од УЧК“, прашува на прес-конференција ВМРО-Народна партија.

Армиски офицери од генералштабот и делегација од владата положија цвеќе на спомен обележјето на борците од УЧК, а не најдоа време да отидат на Карпалак, да оддадат почит на Бранителите, констатира ване Цветанов.

ВМРО-НП го повика претседателот Ѓорге Иванов, како Врховен командат на вооружените сили, и Генералштабот да не молчат туку јавно да го изнесат својот став вчерашната посета на армиските офицери на спомен обележјето на УЧК. Отворено го прашуват претседателот дали можеби тој како Врховен командат дал наредба армиските офицери заедно со делегација од владата да се поклонат пред споменикот на УЧК.

„Претседателе Иванов, кажете јавно, што Ви е помило? Дали почитта кон бранителите, или тендерското братство и единство на ДПМНЕ со ДУИ? Почитувани господа од ДПМНЕ престанете да говорите за патриотизам, бидејќи докажавте дека сте бедни манипулатори на сопствениот народ“, рече Цветанов.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес