ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ зборува за загадувањето на воздухот секогаш кога има мизерен рејтинг

Од:

СДСМ сака да зборува за загадувањето на воздухот секогаш кога има мизерен рејтинг, кога е фатен на дело како се обидува да спроведе тоталитаризам во медиумите и кога нивните економски експерти со вечерно школо кај Вицето се нокаутирани од банките, стои во рекацијата од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за загаденоста на воздухот во Скопје.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, потсетуваат, го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

– Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација, се наведува во реакцијата.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, се подвлекува, прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

– Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата