ВМРО-ДПМНЕ: ЛДП е без компас и концепт и се активира само на копче од Бихаќка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на ЛДП. Еве што стои во соопштението:

ЛДП е безличен привезок на СДСМ/Сорос и дел од деструктивната мрежа која беше поразена на изборите. ЛДП е без компас и концепт и се активира само на копче од Бихаќка.

Потребата за екстерно тестирање е препознаена уште во периодот кога СДСМ и ЛДП беа на власт, односно во рамките на Националната програма за развој на образованието во Република Македонија ‎2005-2015.

Моделот на екстерно тестирање кој што се применува од оваа учебна година е значително унапреден согласно конструктивните сугестии и предлози, па така меѓу останатите новини, оценките кои ќе ги добиваат учениците нема да влијаат на општиот успех. Тие наместо во ученичкото свидетелство, ќе се впишуваат во негов додаток и ќе бидат еден од критериумите кои ќе обезбедуваат предност при упис во средно училиште, односно на факултет, а учениците од четврто и петто одделение нема да бидат дел од тестирањето.

Очигледно за ЛДП, исто како и за СДСМ воведувањето на било какви реформи меѓу кои и образовните се неприфатливи, со оглед на тоа што во минатото кога имале можност да управуваат со институциите биле преокупирани исклучиво со криминалниот процес на приватизација.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ