ВМРО-ДПМНЕ:Бранко и Љубчо се лице и опачина на погубна политика

Од:

„Денес СДСМ е во коалиција со Љубчо Георгиевски што значи дека СДСМ ги споделува истите политики, истите морални вредности, истите принципи и платформа, истиот концепт за тоа како треба да се управува Македонија. Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски се лицето и опачината на сето она што значи погубна политика за интересите на Македонија и сите нејзини граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На следните избори, смета ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните референдумски ќе се изјаснат против се она што Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски го претставуваат во последните 20 години, на следните избори граѓаните ќе гласаат против Бранко Црвенковски и против Љубчо Георгиевски поради нивните лаги, нивните трикови, поради илјадниците упропастени човечки судбини, поради распродажба на државните интереси, поради националната политика кој што ја водеа тие двајцата, поради криминалот и транзицијата.

ВМРО-ДПМНЕ прашува каква врска има ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата на Љубчо Георгиевски со Бранко Црвенковски?

И одговараат дека немаат врска.

„Тие се луѓето кој што ги делат истите вредности и истите политики и затоа тие двајцата совршено си одговараат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?