„Зошто во владата никој не носи маски? – Ковачевски крши протоколи, и го загрозува јавното здравје. Иако на сила се протоколите за носење на маски во затворен простор, а тоа е и услов за влез во затворени објекти, Ковачевски исто како неговиот шеф Заев се става на законите и протоколите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека Заев се возеше со мотори во време на карантин, Ковачевски организира седници без маски и без дистанца.
Ковачевски е опасност по здравјето на граѓаните. Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски, како одговорно лице и организатор.
Одговорност мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
