ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Црвенковски не го реши проблемот со името досега?

Од:

Прашањето за идентитетот било составен дел од преговорите кој Црвенковски во изминатите години ги има водено, а тоа се гледа што во сите досегашни предлози на Нимиц беше предлаган назив за именување на народот и јазикот,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Бранко Црвенковски од Охрид.

„Потсетуваме на еден клучен момент кога во 2005-тата година сегашниот Премиер, а тогашен лидер на опозицијата Никола Груевски го напушти состанокот за координација за еден од предлозите на Нимиц, тогаш актуелен. Во тој предлог на местото каде што требаше да се именува народот беше оставено празно место, а на местото за именување на јазикот стоеше македонски на латинична транскипција (“makedonski”), наместо англискиот превод “мacedonian”.

Тој предлог Црвенковски на крајот на состанокот изјави дека го прифаќа.

Со тој гест, резултат на катастрофална проценка и самиот Црвенковски не знае да каже што добива Република Македонија“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку Бранко Црвенковски се грижи за македонскиот идентитет покажа и пред од прилика 17 години, кога уставното име Република Македонија, во неговата меѓународна употреба го смени со таканаречената привремена референца ПЈРМ, која што тој велеше дека ќе трае 2 месеци, а трае веќе 20 години.

Кога вели дека се грижи за идентитетот немаме никаква основа да му веруваме на овој човек и поради уште еден факт. Тоа е дека цели 20 години во Македонија не беше изграден ниту еден симбол или паметник на македонската државност и идентитет. И не само тоа, туку генерално не оставија ниту еден крупен проект зад себе, што всушност е она што најмногу ги боли. Како што ги боли и фактот дека профилот на македонецот сега е личност со достоинство, со крената глава, кој сака да победува, а не само да учествува“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата од партијата на власт се вели дека индикативно е што Црвенковски сега не се оградува од предлогот на Љубчо Георгиевски и не го отфрла, туку само кажува дека ова било важно прашање.

„Факт што и децата од основно школо го знаат. Ако беше важно прашањето за Црвенковски, зошто не го реши досега и зошто не паметиме негов јасен став по истото важно прашање“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ