ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев да поднесе оставка

Од:

Зоран Заев мора да си поднесе оставка и да престане да изнаоѓа смешни оправдувања потценувајќи го народот, порача на денешната прес-конференција Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поминаа точно 38 дена, а Зоран Заев нема абер да се повлече од политиката како што самиот вети доколку изгуби на овие изборите, а ги изгуби. Помина повеќе од месец кога на 11-ти декември беше поразена деструктивната и манипулативна политика на СДСМ и на Зоран Заев. Народот мнозинската поддршка му ја даде на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, а Зоран Заев се повлече и одлучи да се крие, нагласи Јовановски.

Ова, додаде, покажува дека аболицираниот криминалец Зоран Заев има намера да ја држи во заложништво и својата партија, но и цела Македонија, само со една единствена цел да си ја зачува својата политичка кариера и да избегне соочување со правдата.

Јовановски потенцира дека оставката е најдоброто нешто кое може Зоран Заев да го направи за Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ