ВМРО-ДПМНЕ: Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет“

Од:

„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран и Вице Заев се среќавале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Тоа го потврди и лично Заев кој призна дека знаел, а не пријавил за сомнителното финансирање на 1ТВ и рекетот вршен преку медиумот.

Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во предметот „Рекет“. Што разговарале и дали затоа се развлекуваше апсењето на Јанева до крајот на летото!?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.

Дополнително од снимките слушнавме дека Заев лично се ангажира околу рекламирање и помагање на рекет телевизијата на Боки 13.

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Обвинителството и судството се во директна спрега со Заеви и затоа снимките од средбите на Вице Заев со осудениот Кичеец се без аудио запис. Токму затоа и ЈО не го повикува Заев. Случајот се канализира и се одвлекува вниманието од Зоран и Вице Заеви.

Ваквата спрега не смее да го држи во грч правосудниот систем во Македонија. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му