ВМРО-ДПМНЕ: Жителите на Центар ги препознаа лажните ветувања и затоа ќе ги казнат овие расипнички политики

Од:

„Уште еднаш на дело се покажа дволичноста и манипулациите на Зоран Заев и СДС.

Иако ветија дека ќе ги подржат сите иницијативи за граѓаните слободно и непосредно да се изјаснат за прашања кои сите ги засегаат, советниците на СДС Центар им го скратија тоа право.

Граѓаните на Центар во овие четири години научија да ги препознаваат штетните и лоши политички кои се водат во Општина Центар. Власта на СДС не може да се пофали со ниту еден капитален проект кој е од исклучително значење на жителите на Центар. Единствено што направија СДС во Центар е личното богатење на поединци со пари на жителите на Центар.

Четири години и 100 милиони евра имаше општинската власт на СДС Центар да покаже колку се грижат за жителите на Општина Центар.

Времето на лаги и манипулации заврши. Жителите на Центар ги препознаа лажните ветувања и затоа ќе ги казнат овие штетни и расипнички политики на 15-ти Октомври“, се вели во реакцијата на соопштението на СДС кое се однесуваше на прес конференцијата на Горан Богдановски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски