ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски во кариерата нема остварено еден единствен проект за граѓаните на Центар

Од:

„Очекувавме од Андреј Жерновски на еден од своите први јавни настапи по промоцијата за кандидат за градоначалник на Општина Центар, да каже било што, што направил во својот работен век за доброто на граѓаните на општина Центар.

– Политичар е веќе 15 години, и ќе беше добро да се сетеше барем на една работа што ја направил за општина Центар. Така барем ќе имаше достоинство и ќе беше сериозен политичар. Наместо тоа тој како и неговите коалициони партнери од СДСМ, секогаш кога има и најмал простор ги злоупотребуваат меѓуетничките проблеми, предизвици и прашања, за да добијат политички поени.

– За нас е нејасно дали тој е истиот Андреј Жерновски, кој беше коалиционен партнер на СДСМ и Бранко Црвенковски и седеше во коалиционите клупи на СДСМ и не збореше ништо во периодот кога Агим Красничи го дрржеше под опсада и закана за напад цело Скопје, дали е истиот Жерновски кога збор не кажа во периодот кога спротивно од интересот на македонскиот народ, се донесе закон за територијална поделба која што СДСМ ја заговараше? Дали тоа е истиот Андреј Жерновски кој молчеше на поставувањето бисти на борци од УЧК во Шемшево, градењето на меморијалните центри на УЧК  во Слупчане Танушевци, Вејце, напревени токму во времето кога тој и СДСМ беа во коалиција?

– Затоа му препорачуваме на г. Жерновски пред да продолжи да ги злоупотребува овие теми, да се потруди во наредниот период да се сети на макар една добра работа која ја направи за Центар и градот Скопје, во својата 15 годишна политичка кариера“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ, на пресот на Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он