ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски свесно создава конфликти за работи што не се негова надлежност

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски по одлуката за стопирање на изградбата на катна гаража спроти хотел Бристол, оценува дека новиот градоначалник веќе петти ден се занимава со тоа како да опструира, како да блокира и како да стопира работи кои се градат.

– Тој нема ниту една позитивна работа, ниту проект што би го направил или изградил. Веќе неколку дена ги лаже граѓаните и свесно создава конфликти за работи и постапки кои воопшто не се во надлежност на Општина Центар.Општина Центар нема надлежност, ниту законска можност да ја стопира изградбата на овие објекти, а Жерновски е целосно свесен за тоа и упорно продолжува да ги лаже граѓаните. Жално е што последниците од ова негово лажење ќе ги сносат граѓаните на Општина Центар, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „по секоја негова непромислена постапка спротивна на законите од областа на градењето и урбанистичкото планирање“, сите субјекти ќе имаат право да се заштитат себеси и да побараат оштета од Буџетот на Општина Центар. Со својата политика очигледно е дека Жерновски нема намера да реализира ниту еден проект, ниту да изгради нешто за граѓаните, туку намерата му е да создава конфликти базирани на сопственото лажење, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски, според владејачката партија, добро знае дека според Деталниот урбанистички план на локацијата на која што тој денеска зборуваше, е предвидена изградба на катна гаража. Деталниот урбанистички план е донесен во законска и транспарентна постапка и е актуелен и применлив. Локацијата, за која што Жерновски зборува, врз основа на Деталниот урбанистички план, е продадена на јавна лицитација на најповолниот понудувач со исклучиво право таму да биде изградено тоа што е предвидено според Деталниот урбанистички план, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче