ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски нема планска документација за паркинзите во Центар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Андреј Жеровски посочува оти тој ниту сака ниту знае како да ги реши проблемите со паркирањето во општина Центар и нуди идеи за кои нема никаква конкретна планска и финансиска документација.

– Изградбата на катни гаражи и паркинг простори не е нешто што Жерновски може да го каже тукутака. Потребна е добро изработена планска документација што очигледно Жерновски ја нема, стои во реакицијата.

Воедно се додава оти во општината последните години се изградени и пуштени во употреба катни гаражи како никогаш досега, во тек е изградба на неколку нови, а извршена и реконструкција на повеќето паркинг простори.

– Сообраќајот е сектор во кој никогаш не треба да се запре со подобрувањена неговото функционирање, затоа ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со конкретни проекти да излегува во пресрет на овој проблем, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226