ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски да соопшти кој му нудел мито

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на некои наводи од интервјуто на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски за Радио Слободна Европа.

Жерновски во интервјуто посочи дека до него пристигнувале бизнис понуди од градежни фирми и поединци, што претставува пример за мито и корупција.

„Тој е должен како вршител на јавна функција, но на крајот на краиштата и како граѓанин на оваа правна држава, да излезе и јавно да ги соопшти, или до надлежните институции да ги пријави, субјектите кои му нуделе мито, бидејќи во спротивно тој ќе биде соучесник и ќе се смета дека прикрива случаи на корупција и нудење на мито.Доколку не го стори тоа, остануваат две опции. Првата опција е дека свесно лаже и ја манипулира јавноста, а втората опција е дека прикрива корупција или обид за корупција“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваат Андреј Жерновски да излезе во јавноста за да ги соопшти фирмите и поединците кои, до него и неговите соработници, како што тврди тој, испраќале коруптивни понуди или му нуделе мито.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?