ВМРО-ДПМНЕ: Зекири не можел да прави милионски криминал без знаење на главата на Мафијата на власт

Од:

„Додека народот осиромашува, владеачката елита на СДСМ и ДУИ преку криминали и корупција се богати. Случајот со генералниот секретар на владата на заевизмот, Мухамед Зекири, исто како и неговиот претходник Рашковски ја злоупотребил својата функција направил криминална зделка чија вкупна вредност е речиси 1 милион евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Зекири на двајца хрватски државјани им исплатил скоро 1 милион евра врз основа на договорот за консултантски услуги за приватизација на државна институција Македонски Пошти за кој немало тендер и на крајот добил “семинарски труд“

Ваков милионски криминал не може да се прави без знаење на главата на мафијата. Оттука истрагата треба да се прошири на сите кои биле вмешани.

Затоа прашуваме, дали е можно најблиските луѓе на Заев да крадат, а нему да не му дале ниту едно евро? Дали и колку од парите кои ги земал Мухамед Зекири околу 1 милион евра завршиле во џебот на кумотт Заев и или кај новиот шеф Ковачевски?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус