ВМРО-ДПМНЕ: Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Од:

Здружението на судии и обвинители зборуваат за се освен за суштинските проблеми во земјата. Ако со нивната гласност сакаат да изгледаат како бранители на правдата тогаш зошто нема конкретни чекори. Дали нема затоа што и тие се дел од проблемот и до кога ќе дозволуваат корупцијата да остане заштитена во систем кој треба да ги штити граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е невидено лицемерие, не штитат правда, туку корупција, што претставува директна кражба на довербата на граѓаните. Ако сакаат правда време им е да почнат постапка. На пример, да почнат со Наќе Ѓорѓиев, врховен судија и претседател на Судски совет и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Луѓе кои признаа дека имаат земено мито од 10.000 евра за влијание врз судски пресуди, па едниот се спогоди, другиот се стекна со условна осуда.

Ова е доказ за системот на СДС и ДУИ. И ова не е изолирана појава, туку е проблем кој произлегува од влијанието на СДС и ДУИ, го има и во другите институции. Што сакаат да им порачаат на граѓаните? Дека високи функционери во судството и обвинителството можат да бидат вклучени во директна злоупотреба на своите функции? Граѓаните гледаат, граѓаните не ги следат само високите случаи, кои имаат поголемо медиумско внимание. Граѓаните ова го знаат и од прва рака, на пример во основните судови.

Граѓаните ја гледаат неправдата која СДС и ДУИ сe уште им ја нанесува, па дури и од опозиција. Па како очекуваат граѓаните да имаат доверба во правдата ако виновниците остануваат неказнети? Ако за ова Здружението на судии и обвинители кои се само многу гласни, ама ако сакаат правда, време им е да почнат постапки за корумпираните колеги, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ