ВМРО-ДПМНЕ: Здравството беше само застарена опрема и запоставени работници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за одлив на лекарски кадар посочува дека наводите се тешка хипокризија бидејќи македонското здравство беше само застарена опрема и запоставени здравствени работници.

– Дегутантна и трагикомична е ваква изјава од партијата која го остави здравството со апарати од осумдесеттите години, која никогаш не се сети да покачи плата на здравствени работници, која ја остави брзата помош во најголем дел со стари и целосно амортизирани возила, која дозволуваше безмилосно да се крчми буџетот на здравството со овозможување на немилосрдно високи заработки на веледрогериите блиски до партијата, но и со набавка на ѓердани и поклончиња за пријателките и соработничките во време кога во целата држава имаше само еден апарат за магнетна резонанца кој повремено работеше, и крш лади стари по 20 години со кои се транспортираа пациентите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека за период од само една година од приватното во јавното здравство се вратија над 151 специјалисти.

Еден од врвните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е зајакнувањето на кадарот во јавните здравствени установи, унапредување на знаењата и вештините на докторите, со цел подобар квалитет на здравствената заштита во државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?