ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на криминалната коалиција помеѓу полицијата и подземјето

Од:

„Заврши времето на криминалната коалиција помеѓу полицијата и подземјето. Заврши времето кога Оливер Спасовски наместо да ги гони криминалците го користеше МВР за заштита на криминалот.

Кога Славјанка Петровска говори за реформи и безбедност лаже и манипулира исто како и нејзиниот шеф, најнеуспешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во чие време имавме 10-тици нерасчистени престрелки и убиства.

Речиси и да немаше ден кој минуваше беше престрелка, опожарено возило, убиство и грабеж.

Кога Петровска говори за професионалност во МВР таа мисли на ангажирањето на поранешниот началник на СВР Штип, сега обвинет за тежок криминал, како советник на Директорот на БЈБ. Кога Петровска зборува за професионалност во МВР мисли на Драган Симоновски, советникот на Спасовски кој заврши во притвор поради злоупотреба на ПИ- мерки за уцена и Лазе Велковски чија ќерка со службено возило замина на одмор во Грција.

Во СДСМ владее паника. Свесни се за поразот кои им следува. Свесни дека по 12 април сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои што се ставиле во заштита на истиот.

Граѓаните заслужуваат правда и правдина, заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците заслужуваат да се најдат зад решетки“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава