ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето

Од:

„Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши.

Примислав Димовски кој исцица 40 000 евра пари на граѓаните за наводна соработка со криминализираното СЈО веќе нема да може да наплаќа услуги и ангажмани на рекетари.

Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ.

Никогаш да не се повтори!

Неспособниот Лазе Велковски, пред очите на целата македонска јавност ја злоупотреби својата службена положба користејќи го службеното возило за да ја развозува својата ќерка. Од Заев и Спасовски беше награден со челна позиција во Одделот за организиран криминал.

Никогаш да не се повтори!

МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците.

Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот . Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговраат за стореното“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава