ВМРО-ДПМНЕ: Заради криминалот на Ковачевски мнозинството се намалува

Од:

„Заради криминалот на Ковачевски мнозинството се намалува, по Алтернатива излезе и Демократски сојуз, никој не сака да остане на бродот кој тоне. Ковачевски и Ахмети ја одржуваат коалицијата на тендери, криминал и непотизам. И Ковачевски знае дека Ахмети го спасува за да завршат што повеќе тендери, за личен профит, а тој пак е спремен на секакви отстапки само за да продолжи и тој заедно со Ахмети во грабежот на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се повеќе пратеници од СДС гласно зборуваат дека не се согласуваат со политиките на Ковачевски, и самиот тој знае дека никој не ги одобрува неговите постапки, и затоа со закани и притисоци ги држи во страв.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до пратениците од власта, сите оние кои во изминатиов период покажаа разум и поинакви ставови од ова раководство да му застанат на патот на истото, бидејќи по промени на власта на Македонија ќе и треба СДС како опозиција, но стабилно СДС, кое има силни национални и државни политики, знаеме дека во СДС има луѓе кои истото тоа го сакаат, и само тие може да ја спречат нивната партија да не се растури по претстојните парламентарни избори, а најлесен начин за тоа е да му кажат не на Ковачевски“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина