ВМРО-ДПМНЕ: Законски дополнувања за „Дамјан Груев“ за подигање на образовните стандарди

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ се посочува дека тие дале поддршка за дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“, со што се подигнување на стандардите за наставно-научниот кадар и останатите вработени кои треба да придонесат за поголем квалитет и интернационализација на универзитетот.

– Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ значително ќе се допринесе за подигнување на квалитетот на наставно-научниот кадар, а истовремено и квалитетот на образовниот процес и материјата со која што ќе се стекнуваат идните студенти кои што ќе се запишат на некој од факултетите во рамките на новиот универзитет, стои во соопштението.

Се посочува дека со овие дополнувања на законот, наставата на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ ќе може да се изведува и на еден од официјалните јазици на Европската Унија. Високообразовната, научно-истражувачката и апликативната дејност на факултетите кои што се во состав на универзитетот ќе може да ја изведува само наставно-научен кадар од универзитет од првите 500 највисоко рангирани високообразовни установи, рангиранина последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет или од последната објавена листа од Quacquarelli Csmonds од Велика Британија, како и акредитирана високообразовна установа на еден од првите 200 најдобро рангирани универзитетиод соодветното научно подрачје, се наведува.

Друго значајно дополнување на оној закон, според нив, е подигнување на стандардите за наставниците и соработниците кои што покрај условите предвидени со Законот за високо образование ќе треба да исполнуваат и дополнителни услови.

Освен дополнителните услови за наставниците и соработниците со ова дополнување на законот се подигнуваат и стандардите за ректор и декан на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“.

Покрај наставно-научниот кадар на универзитетот се воведуваат и дополнителни услови за вработените во високообразовните установи кои вршат работи од административна природа заради остварување на дејноста високо образование и имаат статус на административни службеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски