ВМРО-ДПМНЕ: Загадувањето во Скопје вчера рушеше рекорди

Од:

„Македонија се гуши. Алармот свети црвено. Зоран Заев кој викаше „ајро ајро нема воздух“, три години со прст не мрдна да го подобри квалитетот на воздухот.

Загадувањето во Скопје вчера рушеше рекорди, а Шилегов во емисија наместо да одговори зошто нема направено ништо ги навредуваше граѓаните дека го мразат зошто се сиромашни.

Петре, не се сите богати како тебе со анкетен лист од над милион евра, но верувај граѓаните не те мразат затоа што се сиромашни, туку затоа што ти веќе трета година не направи ништо за Скопје“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека ти си објаснуваш за тоа кој те мрази, а кој те сака, Скопје се гуши. Умира.

Загаденоста не беше ништо помалку и во останатите градови. Во Битола нивото на ПМ 10 честичките надмина 840, што е за 16 пати над дозволеното.

Се гушеше и Струмица, каде Зоран Заев три мандати беше градоначалник, во смог беше потонато и Тетово.

Граѓаните се соочуваат со катастрофа од епски размери. Болниците се полнат. Никој ништо не презема. Негрижата за здравјето на луѓето мора да престане. По 12 април следуваат мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава