ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот на криминалната власт на СДСМ и ДУИ е најголемиот непријател на европската иднина и европските вредности

Од:

„Веќе и на членството во СДСМ им е јасно дека Заев се однесува како сопственик на партијата, па назначува наследник – управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот. Расколот во СДСМ е нивна внатрепартиска работа. Најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на СДСМ и ДУИ се наголемите непријатели на евроинтеграциите и европската иднина на Македонија. Тие се олицетворение на целиот криминал, корупција, неодговорност, башибозлук и неспособност во државата. Ваквата власт на СДСМ и ДУИ ги осиромашува граѓаните, а за жал чини многу животи. Заради власта расте разочарувањето, апатијата и скептицизмот на народот кон членството во ЕУ.

Се што фати криминалниот картел на СДСМ и ДУИ се криминализираше, а народот гледа ккао тоа поминува неказнето. Веќе народот нема верба во правната држава, еден од темелните европски вредности. Народот не гледа еднаквост пред законите, нема одговорност, нема судство, нема образовен систем, нема здравствен систем. Секој аспект од живеењето е урнисан од власта, секој европски принцип и вредност е погазен.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање