ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот да ги даде на увид интегралните одговори од Пакетот 5+1, а не да кажува приказни и да се колне во жицата

Од:

„Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија. Тоа значи дека оваа власт се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да беше се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија. Замислете за вакво значајно прашање, јавноста во Македонија дозна од институциите во Бугарија. Дури после тоа дознавме од страна на Артан Груби дека овие одговорите биле удобни за бугарската страна, како божем нашите функционери да добиваат плата да ги задоволуваат потребите на Бугарија.

Пиунот Ковачевски и Бујар Османи треба итно да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, а не да прераскажуваат и да вртат од околу. Народот и јавноста се доволно мудри да прочитаат и да разберат што содржи овој документ.

Јавноста бара што точно формулирала власта на заевизмот во овие одговори. Народот не верува во колнење во воздухот, жиците и децата, затоа што Зоран Заев еднаш излажа, па не е чудо неговите поклоници и пиунот пак да излажат.

Господа од власта дајте ги на увид документите, и не ја замајувајте јавноста со приказни и колнења“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ