ВМРО-ДПМНЕ: Заеви станаа и нарко картел, да одговорат дали е нивно комбето фатено со дрога од 800 илјади евра

Од:

Дали Заеви освен криминален, станаа и нарко картел? Заев да одговори дали е точно дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€ во бело комбе со грчки таблици, е во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420” велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратечки возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Дали е уапсен шоферот на Трајче Заев токму во оваа акција? Дали во фирмата „Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев? Фирма со име „Медикал 420БГ лтд” од овие двајца беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. Дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви“ – стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат