ВМРО-ДПМНЕ: Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот

Од:

„Заев за Охрид го предлага Георгиевски, за кој и неговата министерка за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот. Константин Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Георгиевски Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите.

Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник?

Георгиевски е лош избор за Охрид. Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци.

СДСМ оди со стари и истрошени кадри. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ