А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за ги спаси сопствените криминали ја држи во заложништво целата држава

by А1он05/02/2020 - 08:58354
Share0

„Зоран Заев и СДСМ се плашат да се соочат со одговорноста и затоа бараат начин да ги одложат изборите. За да се спаси самиот себе и сопствените криминали Заев е подготвен во заложништво да ги држи и граѓаните и Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Законот за Јавно обвинителство е во спротивност на Уставот, експертските мислења и кривичната материја. Тој единствено е добар за Зоран Заев и СДСМ, а причината за тоа е да не одговара за заробеното правосудство, политичкиот прогон и аферите и криминалите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно на површина излегуваат милионски криминали и афери на луѓе блиски до Зоран Заев и СДСМ, но се уште не е процесуиран ниту еден случај. Сите видоа и слушнаа како врвот од СДСМ уценува, рекетира, прави криминал, но не и правосудните органи.

Никој во Македонија не верува дека не се процесуираат случаи против функционерите од власта без Заев да врши влијание врз сервилните судство и обвинителство. Исто како што никој во Македонија повеќе не верува дека сме прогласени за најкорумпирана држава во Европа и хибриден режим, а Заев да нема никаква вина за тоа.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ и Зоран Заев се во паника и очајно им е потребен изговор со кој ќе избегаат од соочување за сите злодела, порази и понижувања во изминативе години. Сакаат власт по секоја цена и бегаат од правдата, затоа и трет пат за краток период уценуваат со одложување на изборите.

Република Македонија повеќе не смее да биде заложник на партиските и криминалните интереси на СДСМ и кланот Заеви. Македонија мора да добие закон кој ќе гарантира вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Неопходно е законско решение донесено со консензус во кое ќе бидат внесени мислењата на експертската јавност. Затоа законот мора да биде дело на експерти и професори по уставно и казнено право од Правниот факултет кои имаат релевантност, искуство и знаење. Таквиот закон ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати.

Мора да се стави професионализмот над партиските и бизнис интересите. Граѓаните и Република Македонија повеќе не смеат да бидат заложници за задоволување на криминалните бизнис интереси на Заеви.

Заев и СДСМ донесоа само криминал, порази и погазено достоинство и мора да се соочат со сите злодела кои ги нанесоа. После 12-ти април следува обнова на Македонија, а потоа ќе следува и одговорност. Зоран Заев никогаш повеќе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео