ВМРО-ДПМНЕ: Заев врши притисок врз Јавното обвинителството

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека изјавата на премиерот Зоран Заев со која побара оставка од првиот човек на Јавното обвинителство Марко Зврлевски е пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата, која, како што рече Зоран Илиоски, член на партискиот ИК, треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Заев.

Според Илиески, Заев сакал да стави рака врз обвинителството заради постапките што ги водело тоа, како што потенцира, и за барањето „Поткуп“ и за изборни измами.

– Зоран Заев е исплашен од овие постапки. Зоран Заев е исплашен од одговорноста за случаите како „Цареви кули“ и набавките во Општина Струмица. Затоа Зоран Заев сака да стави рака врз обвинителството. Му треба гаранција дека на чело на институцијата ќе застане некој како Катица Јанева, кој нема да се дрзне да постапува против него. Тоа е основната причина поради која што владата вчера отпочна постапка за смена на Јавниот обвинител, рече Илиески.

Втората причина, додаде, е класична одмазда врз институциите кои воделе постапки и против останатите членови на владата на Зоран Заев, кои завршувале и со затворски казни.

– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците и во судската и во обвинителската фела да не подлегнуваат на притисоците и заканите од СДС. Да работат стручно и професионално исклучиво според Уставот и законите, рече Илиески.

Антиреформите на Зоран Заев, додаде, нема да го подобрат животот на граѓаните, како што нема да го подобри животот ниту личната пресметка на Заев со Обвинителството. – Граѓаните од новата Влада очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните го очекуваат ветениот економски раст од 5 проценти и изградба на нови 500 километри автопат. Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за брз влез во НАТО и ЕУ кој нема да биде на штета на македонските национални интереси, наведе Илиески на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Учебната година со физичко присуство се одвива успешно

Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност

СДСМ: Мицкоски нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец

А1он

Кузеска: Мицкоски подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи

СДСМ: Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните