ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше Европска Унија, а заврши со Мини Шенген и Западен Балкан, ЕУ нема алтернатива

Од:

„Регионалните соработки на земјите од Балканот секогаш биле, се и ќе бидат поздравени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не се ни приближно тоа кое што Зоран Заев и СДСМ им го ветуваа на граѓаните. Членството во Европската Унија и широкото семејство на европските народи се вистинската иднина на Македонија, која нема алтернатива“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт во 2016-та година токму со овие ветувања и 4 години ја замајуваа јавноста со истите флоскули, без да направат суштински поместувања и реформи.

Алтернативата “Мини Шенген“ е само блед обид на Заев тоа да го прикаже како некаков успех на неговата политика, која доживеа фијаско како на меѓународен, така и на домашен план. Мини Шенген иницијативата не смее да остане наша иднина која ќе го затвори европскиот пат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ