ВМРО-ДПМНЕ: Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард

Од:

СДСМ ги донесе граѓаните на питачки стап. 500.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија. 500.000 граѓани кои не ги носат розевите наочари на Заев не знаат како да се прехранат и да го поминат месецот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Татијана Лалчевска, пратеничка на СДСМ.

„Зоран Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Наводното покачување на минималната плата со кое Заев се фали е само празно слово на хартија, работниците уште ги враќаат парите на газдите на рака.

Економската состојба од ден во ден е се полоша, падот во индустрискиот промет во август оваа година во однос на август минатата година изнесува 6.6%.

Бројот на работници во индустријата е исто така намален, на секој 100.000 работници оваа година имаме 2.500 работници помалку од лани.

Граѓаните и државата тонат. Со секој ден со СДСМ на власт државата е во се полоша состојба. СДСМ треба да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ