ВМРО-ДПМНЕ: Заев трча по награди, а Филипче погреба 40 граѓани за еден ден, оставка веднаш

Од:

„Додека Заев Заев шета низ Европа по награди во Македонија 40 лица починати од корона. Венко Филипче кој работи само на својот ПР е опериран од одговорност.

Филипче за еден ден погреба 40 граѓани, зацрни 40 семејства. На Филипче луѓе му умираат по пат до болница, по ходници во болниците, нема терапија, оние кои можат некако да снајдат, земаат дури и кредити за да одат во приватните болници“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче не само што е неодговорен, туку не дава ни одговори. Филипче зошто граѓаните одат во приватни болници, зошто нема терапија во јавните здравствени установи на кому тоа му одговара?

Проценката на Филипче дека ќе има две илјади заразени сега стигна до скоро 50 илјади заразени! Бројката на завиени семејства во црно е 1.345.

Време е за одговорност! Филипче, оставка веднаш!“, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче