А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица

by А1он07/02/2020 - 09:1207/02/2020 - 09:13304
Share0

„Изнудите на милиони евра, злоупотребите на функциите, расипништвото, неправдата, огромните суми на пари во готово за кои јавноста слуша во судкиот процес Рекет се само врв на ледениот брег. Тоа што се крие под површината е режисерот и главниот заштитник на рекетарите Зоран Заев и неговиот монструозен план за рекетирање и лично богатење.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во Република Македонија владее рекетарско корумпирана влада на СДСМ.

Со СДСМ и Зоран Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва.

Вилма Рускоска го штити и го прикрива криминалот на Зоран Заев. Со тоа Вилма Рускоска директно го поддржува и го одобрува криминалот на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Никој не верува во приказната дека зад рекетирање и уценување на бизнисмени стојат сами обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Секој човек знае дека зад нив е директно врхушката на власт на чело со Зоран Заев.

Случајот Рекет каде што целата јавност е сведок како се уценуваат бизнисмени и се изрекетирани милионски суми, мора да добие правна разрешница.

Институциите мора да работат во интерес на правдата, владеењето на правото и во интерес на граѓаните.

Јавно обвинителство и судството мора да работат согласно законските прописи, професионално и непристрасно.

Јавното обвинителство мора да се ослободи од спрегата на СДСМ и Зоран Заев.

Граѓаните на 12 април ќе му порачаат на Заев и СДСМ дека им е доста од сите криминални и корупциски афери и скандали.

На 12 април заминува целото криминално раководство на СДСМ.

На 12 април почнува Обновата на Македонија, владеењето на правото и правната држава.

СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите измами, порази и криминали.

СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто