ВМРО-ДПМНЕ: Заев спроведува сценарио за дестабилизција на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ истакнува дека опозицијата стои зад организацијата на вчерашните насилни случувања пред Владата.

– На сите граѓани им е јасно кој напаѓаше и се однесуваше вандалски. Самиот факт дека при вчерашниот напад се повредени дури 38 полицајци доволно зборува за себе. Снимките и сликите од вчерашниот напад врз полицајците на кои се гледа дека активистите на СДСМ напаѓаат со шипки, камења и бехатон плочки, се гледа дека го кинат македонското знаме се на очигледно задоволство на Шилегов и СДСМ, се наведува во реакцијата.

Според партијата, лидерот на СДСМ спроведува сценарио за граѓански конфликт и за целосна дестабилизација на државата. Оттаму ги повикуваат граѓаните да не подлегнуваат на какви било провокации.

– СДСМ сака да креира состојба во која за насилството што тие го прават на очиглед на сите ќе ги обвинат другите. Тие маваа со камења по полицајците, другите биле криви, членовите на СДСМ маваа со бехатон плочки, другите биле криви, тие маваа со шипки по полицајците и пак другите биле криви. Тие, активистите на СДСМ го кинеа македонскиот знаме и пак другите им се криви, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски