ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговиот расипнички карактер го урна достоинството на државата

Од:

„Зоран Заев и донесе меѓународен срам на Република Македонија. Тој со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на државата.

Разговорите со лажниот Порошенко покажаа дека Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија. Очигледно дека тој првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи на македонски бизнисмени, или пак на Вселенскиот Патријарх.

Дека Заев е опкружен со криминал ни откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите, каде се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и поткуп за пропаганда со лажни вести, но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа не е единствен пример каде ги загрозува односите на Македонија со други држави. Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија.

Воедно тој без проблем и без размислување издава стратешки тајни за Република Македонија и регионот, но и телефонски броеви од странски државници и кој знае уште какви важни информации има споделено во тие година дена колку што траеле разговорите со лажниот Порошенко.

Разговорите исто така ни откриваат дека Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија. Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности.

Одговорност за сето ова мора да има. Не само што постојат индиции за криминал и прекршоци за кои обвинителството мора да реагира, туку изнесени се и сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали со кои нанесена е огромна штета на Македонија.

Секој изминат ден со Зоран Заев и неговиот неспособен тим значи поголем срам за Република Македонија во меѓународни рамки. Зоран Заев што побрзо мора да си замине, за да може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно им ја нанесува на граѓаните и на државата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците