ВМРО-ДПМНЕ: Заев со измама го направи Пендаровски претседател, Рускоска и за ова ли ќе молчи

Од:

„Поранешниот верски лидер реизот Сулејман Реџепи јавно соопшти дека од СДСМ го молеле, па затоа им помогнал во изборот на Пендаровски на претседателските избори во 2019 година.

Реџепи посочи дека поради помошта, Пендаровски лично му се заблагодарил со зборовите: „Ова е твоја победа, не е моја“.

Според член 160 од Кривичниот законик, тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според член 22 од Кривичниот законик, ако две или повеќе лица, со учество во дејствие на извршување или со друг особен придонес кон извршувањето на делото, заеднички сторат кривично дело, секое од нив ќе се казни со казната пропишана да тоа дело.

Според член 23 од Кривичниот законик, тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.

Обвинителството раководено од Рускоска да престане да му слугува на измамникот Заев и по допрен глас да го изведе пред лицето на правдата, заедно со неговите соучесници кои шурувале на повреда на слободната волја на гласачите за да биде избран Пендаровски.

Измамникот Заев со измама го направи Пендаровски претседател, Рускоска и за ова ли ќе молчи

Измамниците на слободната гласачка волја и прекршителите на Уставот на Република Македонија мора да одговараат. Непобедникот Стево треба да им се извини на сите граѓани, да им објасни зошто неговата победа била победа на поранешниот реиз Сулејман Реџепи и да понесе одговорност.

Македонија заслужува претседател на граѓаните, а не избран со партиски мешетарења со верски лидери, поткуп и повреда на гласачките права“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски