ВМРО-ДПМНЕ: Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски

Од:

„Зоран Заев се откажа од името, сега ја продава и придавката македонски, ќе одговара за велепредавство. Заев кој го продаде името и тврдеше дека идентитетот, јазикот и историјата се зачувани, пред два дена кажа дека на маса за преговори со Бугарија го ставил и идентитетот.

Зоран Заев јасно кажа дека нема да биде македонска влада, македонска историја итн“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев се откажа од придавката македонски, за која до пред три дена тврдеше дека е заштитена. Зоран Заев систематски ја разградува државата.

Нема дно кое Заев не може да го пробие. Заев сега се откажува од идентитетот, јазикот и историјата. Предупредивме дека Заев ја распродава државата и потврдата дојде лично од Зоран Заев.

Во само две интервјуа Зоран Заев ја уништи македонската држава, и нејзините позиции за преговори. Штетите кои што Зоран Заев ги нанесе на државата се велепредавство и за тоа тој ќе одговара“, се вели во соопштанието на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче