ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го поништи македонскиот идентитет, затоа ги крие од народот амандманите со кои планира да го менува Уставот

Од:

„Зоран Заев сака да ја избрише Република Mакедонија, нејзината историја, традиција и култура. Зоран Заев сака да го поништи македонскиот идентитет. Затоа ги крие од народот амандманите со кои планира да го менува Уставот, а очекува од граѓаните да излезат и самите да гласаат за да си се поништат.

Зоран Заев без срам ги лаже и манипулира граѓаните. Со упорното криење на амандманите едноставно Заев и СДСМ сакаат во заблуда да го донесат народот да не знаат за што гласаат.

Време е Заев да излезе и да одговори на народот, што ќе се случи со Уставот.

Во цела низа на членови во Договорот со Грција точно се прецизира бришењето на идентитетот – од тоа како ќе биде новото име, промена на Устав, документи, како треба да гласи второто име, како ќе се преименуваат институциите и како ќе гласи националноста и државјанството.

Заев треба да сфати дека станува збор за менување името на држава преку промена на највисокиот правен акт Уставот, а не се менува име на некоја од неговите фирми.

Република Македонија не е сопственост на Зоран и Вице Заеви.

Сите кои што не се согласуваат со срамните постапки на СДСМ и Заев кои ги прифаќаат само за да го покрие сопствениот криминал, Ги повикуваме да ни се придружат на протестен марш во недела со почеток во 13:00 часот пред црквата Св. Никола во Штип“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија