ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да тоне во искреираното сценарио против Македонија

Од:

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев продолжува да биде дел од креирано сценарио во интерес на трета страна која не и сака добро на Македонија, оценува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Заев на која побјави тонски записи за кои тврди дека се дел од прислушувани разговори на над 20 илјади граѓани од страна на безбедносните служби во Македонија.

Заев, наведува ВМРО-ДПМНЕ, денеска започна со реализација на објавувањето разни материјали за кои и самиот го извести премиерот Груевски дека се прибавени во соработка со странски служби, а за што е започната и постапка против него токму за овој случај, во кој дел од осомничените веќе имаат и признание дека работеле за пари и за странски служби.

– Со денешната и најавените прес конференции од ваков тип, Заев со несериозен и неодговорен однос, прифаќајќи да биде инструмент и марионета на странски служби, тој очигледно со задоволство продолжува да биде дел од креирано сценарио кое што е во интерес на трета страна, која не и сака добро на Македонија. Заев само продолжува да тоне, и полн со контрадикторности и небулози, сака да направи цела македонска јавност, вклучително и неговите сопартијци, да се држат во заложништво, и јавноста да биде под уцена и да биде дефокусирана од реалните теми и потреби на граѓаните. Заев има една очигледна, проѕирна и површна намера да се претстави и себеси како жртва и тоа во ситуација, кога тој не е ништо друго освен марионета, која што работи и делува во функција на туѓи интереси, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Сценариото, потенцира владејачката партија, нема да им помине и за се ова институциите во рамки на своите законски и уставни надлежности треба да ги утврдат сите факти и околности, но и мотиви и цели и на инспираторите, и на поддржувачите и на извршителите на ова сценарио.

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува Зоран Заев ако постојат какви било материјали, за кои се тврди дека упатуваат на евентуално противзаконско постапување на кое било лице, да ги достави до надлежните институции за понатамошно постапување и правна завршница во транспарентна и законска процедура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски